ЈСП: Линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно од претстојниот викенд ќе има измена
Сакаме да ја информираме јавноста дека линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно од претстојниот викенд (6-7.10.2018 година) ќе има измена во возниот ред, велат од ЈСП Скопје. Терминот за поаѓање на автобусот во 7.30 часот, се менува, односно поаѓањето сега ќе се реализира во 8 часот. Изминатиот период, терминот за поаѓање во 7.30 часот за време на викенди се должеше на барањето на планинарите и поради високите температури во летниот период.
Потсетуваме дека во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат.
Истото се однесува и за линијата 28 која вози од Транспортен центар до Нерези (Македонско село).
Бесплатниот превоз се воведе по предлог на голем број граѓани, a истовремено доби поддршка и од Град Скопје и ЈСП Скопје пред сѐ од еколошки аспект со цел да се контролира и регулира движењето до Средно Водно.
