Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈСП го стартува новиот автобус „163“

ЈСП го стартува новиот автобус „163“
Од понеделник ЈСП „Скопје“ ќе пушти во употреба нова автобуска линија со број „163“. Автобуска линија ќе сообраќа на релација село Драчево - општина Илинден.Миниавтобус ќе биде ангажиран на почетокот  кој ќе вози само во работни денови,  во 6:15, 14 и 15:30 часот кон Драчево, а од Општина Илинден ќе тргнува во 7, 14:45 и 16:15 часот. Трасата е од  село Драчево, по улица Китка, населба Драчево, Долно Лисиче, Јурумлери, Идризово, преку надвозникот низ Кадино, Марино се до Општина Илинден.
Слично

Поврзани вести