ЈСП го распиша тендерот за панорамско тркало – проектот ќе чини 12 милиони евра
Јавното сообраќајно претпријатие го распиша тендерот за изградба на панормаско тркало во центарот на Скопје, кое е предвидено да биде на мостот над Вардар кај музејот на ВМРО. Заинтересираните компании имаат рок да достават понуди до 31 Јануари 2014-та.
Од ЈСП, оценуваат дека проектот ќе чини 12 милиони евра, пари што ќе мора да ги обезбедат од различни извори, со оглед на финансиската состојба на претпријатието.
- За еден ваков комплексен проект потребни се барем три години за да се направи. Се надевам дека ќе успееме во тој период од три до пет години да го направиме тоа. Срествата кои што ги обезбедивме ќе бидат од буџетот на ЈСП Скопје. Покрај сопствени средства очекуваме и од донации. Јас сега не можам да дадам детали за донациите, меѓутоа во следниот период како ќе ги добиеме така ќе бидат објавени – изјави директорот на ЈСП Скопје, Мишо Николов.
Скопското панорамско тркало предвидено е да има триесет гондоли. Најмногу по осум возрасни и две деца во секоја од нив ќе се извишуваат до околу 73 метри. Дијаметарот на тркалото пак е 57 метри.
Слично
