ЈП Водовод и канализација: водата е безбедна и квалитетна за пиење
ЈП Водовод и
канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје,
го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење,
добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е
всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење
според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.04.2020 до 01.05.2020 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во град Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).
