ЈП Водовод и канализација - Скопје со иницијатива за помош на семејството на момчето кое загина во пожар позади Рамстор
Во текот на денешниот ден екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје излегоа на терен со цел да се утврди точната причина за прекинот на водоснабдувањето, а со тоа да му помогне на семејството на Мартин Сиљанов, кој загина во пожарот што изби во сервис за мопеди позади “Рамстор”.Од состојбата која ја утврдија нашите екипи би сакале да истакнеме дека настанат е дефект на приклучната цевка која поминува под бараките и прави штета кај соседот. Водата е исклучена самоиницијативно со што странката останала без вода.
Со цел да се обезбеди редовно водоснабдување ЈП Водовод и канализација - Скопје ќе изгради нова водоводна линија од 50 метри на сопствен трошок, со што ќе се овозможи преврзување на приклучокот за вода од старата на новата мрежа односно ќе се изврши поврзување на објектот на странката на новата мрежа со која ќе добие редовно водоснабдување.
Исто така од страна на претпријатието ќе се поднесе иницијатива до У.О. на ЈП Водовод и канализација Скопје ова семејство да биде сместено во категоријата која ги опфаќа лицата кои се приматели на постојана парична помош кои пак се ослободени од 10 м3 во текот на месецот.
Општината Гази Баба исто така ќе се вклучи и ќе помогне со еднократна парична помош за семејството, а во целиот процес ќе се вклучи и Министерството за Труд и Социјална Политика.
Покрај овие акции, се бараат хумани луѓе кои на каков било начин можат да му помогнат на семејството.
СЕКОЈА ДОНАЦИЈА Е ВАЖНА!
Суровиот живот во Скопје: Го загуби синот во пожарот кај Рамстор, неподвижна е и без пензија