Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈП Водовод и Канализација се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

ЈП Водовод и Канализација се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

Врз основа на владината одлука за спроведување на акцијата на 14 декември 2019 за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“, а и по сопствено убедување за значењето на чистата животна средина, вработените од ЈП Водовод и Канализација – Скопје активно се вклучија во истата.

„Во оваа прилика апелираме ваквото одговорно однесување да стане наше секојдневие со што секој од нас индивидуално и колективно ќе придонесе за заштита, зачувување и одржување на чистата животна средина, фактор кој е исклучително важен за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на град Скопје, територијата на Република Северна Македонија и светот воопшто, велат од ЈП Водовод и канализација. 

Слично

Поврзани вести