ЈП Водовод и канализација најавува прекин на водоснабдување на повеќе места во Скопје
Ве известуваме дека утре на ден 30.04.2020 поради уличен дефект ф-250мм на Македонско Косовска Бригада 41 , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Македонско Косовска Бригада крак 11, ресторанот “ Аванти“, трговскиот центар “ Retail Point“ и касарната “Илинден“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите. Исто така, ве известуваме дека на ден 30.04.2020 поради дефект на приклучна цевка 3“ на ул. Страшо Пинџур 6а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Цицо Поповиќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.
Слично
