ЈП Водовод и канализација информира за повеќе улични дефекти
Ве известуваме дека на ден 28.04.2020, поради уличен дефект ф-150мм на ул.Бутелска бб (кај Солопром), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Петар Манџуков, Душко Поповиќ и објектите на Солопром и Македонија Лек. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:40 часот до завршување со активностите. Исто така, ве известуваме дека на ден 28.04.2020, поради уличен дефект ф-200мм на бул. 3 -та македонска бригада (кај Дримкол), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, односно објектите во непосредна близина. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.
Слично
