Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовановски: Мерките за штедење нема да ги загрозат субвенциите за земјоделците

Јовановски: Мерките за штедење нема да ги загрозат субвенциите за земјоделците
Потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски денеска се сретна со прилепските земјоделци, како и со претставниците на различни здруженија од Прилеп, Битола, Куманово, Струмица. Целта на средбата, била уште еднаш да се објасни планот за штедење на СДСМ, како и да ин се потенциравме дека субвенциите за земјоделците во ниту еден случај не се загрозени со прифаќање на планот за штедење од страна на власта. „Земјоделците беа информирани дека и покрај лажната конструктивност на власта, позади грб, само во последните 4 дена Владата се задолжи на домашниот пазар за нови 150 милиони евра,“изјави Јовановски и додаде дека се разговарало за проблемите на земјоделците, со што се се соочуваат и во поглед на субвенциите и во поглед на невратените пари за купената механизација. „Крајно време е земјоделците да го добијат тоа што го заслужуваат, а тоа е вистински систем за функционирање на земјоделието, и тоа СДСМ ден поскоро ќе им го овозможи“, рече Јовановски.
Слично

Поврзани вести