Економија, финансии, бизнис

Контакт

JEEP со специјална серија на COMPASS во Европа

JEEP со специјална серија на COMPASS во Европа
Специјална Black Edition серија на моделот  Compass, пушта Jeep. Главните акценти во новата лимитирана серија се решени во црно: маската, рамките на светлата, шините на покривот, нови 18-инчни тркала и други елементи. Jeep Compass Black Edition ќе биде достапен за купување од средината на овој месец на поголем дел од европските пазари, а ќе се нуди во комбинација со 2.2 литарски CRD дизел мотор, комбиниран со шестстепена механичка менувачка кутија со преден погон. Автомобилот ќе се нуди и во верзија 4х4, но со 2.2 литарски турбо агрегат со 163 коњски сили. Compass Black Edition доаѓа со кожен тапацир, мултифункционален управувач, патен компјутер, клима уред, круз контрол, Bluetooth интерфејс, како и импресивен пакет системи за активна и пасивна безбедност.
Слично

Поврзани вести