Јавен повик за доделување финансиска поддршка за систем „капка по капка“
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, за набавка на опрема за систем „капка по капка“ за пченка, сончоглед и фуражни култури и бунари за наводнување.
Повикот ќе трае еден месец, до 20 април 2015 година.
Право на користење на средствата имаат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сголасно Законот за земјоделство и рурален развој.
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.
Максималната вредност според објавените податоци на страната на Агенцијата на прифатливи трошоци е до 922.000 денари за инвестиции во систем за наводнување на пченка и фуражни култури и до 364.000 денари за инвестиции за бунари.
Подетални информации може да добиете во контакт центарот на Агенцијата на телефонот (02) 3097-460 или на електронската адреса ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страницата www.ipardpa.gov.mk.
