Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонците највредни, Европејците најголеми хедонисти

Јапонците највредни, Европејците најголеми хедонисти
Според податоците на анкетата која неодамна била спроведена од страна на најголемата патничка онлајн агенција, работниците од Азија и понатаму имаат најмал број денови на годишен одмор, пренесувва Б92. Во годишен одмор најмалку уживаат Јапонците, кои од 13 денови што им стојат на располагање, во просек искористуваат 5. На Јужнокорејците им е нешто подобро, на одмор поминуваат во просек по седум дена. Американците исто така се меѓу оние кои на заминуваат на подолг годишен одмор, односно од дозволените 12 до 14 денови, годишно користат по 10. Канаѓаните и Австралијанците на годишен одмор минуваат во просек по 13 дена, колку што имаат на располагање и Канаѓаните, додека пак Австралијанците во просек  оставаат по 5 неискористени денови од одморот. Инаку на годишен одмор најмногу уживаат жителите на Европа, каде работниците на платен одмор можат да бидат и по 30 денови.
Слично

Поврзани вести