Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонија се подготвува за војна? „Фрла“ речиси 40 милијарди евра за превооружување поради Северна Кореја

Јапонија се подготвува за војна? „Фрла“ речиси 40 милијарди евра за превооружување поради Северна Кореја

Јапонската влада претстави рекорден буџет за одбрана за околу 5,19 трилиони јени (околу 39 милијарди евра) за фискалната 2018/2019 година.

Овие средства ќе овозможат особено Токио да го зајакне противракетниот штит, за да се заштити од севернокорејската закана, објави Ројтерс. 

Јапонскиот буџет за одбрана е зголемен веќе шеста година по ред. Дополнителните средства ќе му овозможат на Токио да ја подготви инсталацијата на копнениот ракетен систем "Идрис Ашор". 

Претходно оваа недела, јапонската влада го одобри увозот на оваа опрема, произведена од американската компанија Локхид Мартин. 

Две севернокорејски проектили полетаа претходно оваа година на јапонска територија. 

Пјонгјанг, исто така, се закани дека ќе го потоне  јапонскиот архипелаг, сојузник на Вашингтон. 

На крајот на ноември, комунистичкиот режим на Северна Кореја исто така тестираше нова интерконтинентална балистичка ракета што паднала во Јапонското Море. За време на официјалната посета на Јапонија во почетокот на ноември американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Јапонија да се превооружи за да се заштити, така што ќе оддаде приоритет на американската воена опрема. 

„Тоа ќе значи многу работни места за нас, и за Јапонија многу поголема безбедност", рече Трамп. 

Јапонија, исто така, планира да купи американски проектили со опсег од околу 900 километри кои можат да стигнат до Северна Кореја. Севкупно, буџетот на Јапонија за фискалната година 2018/2019 е рекордно високо ниво од 97,70 трилиони јени (скоро 730 милијарди евра).

Слично

Поврзани вести