Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкуловска го посети кумановското село Шупли Камен

Јанкуловска го посети кумановското село Шупли Камен

Кумановското село Шупли Камен денеска го посети министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, каде што синоќа од надојдената вода се изли реката Пчиња, а благодарение на интервенцијата на полицијата Методија Илиевски 62 годишен е евакуиран од неговата викендица.

Министерката Јанкуловска денеска се сретна со полициските службеници и со 62 годишниот кумановец.

- МВР анагажираше дополнителни сили и ресусри во најризични места во државата. Анагажирана е и хеликоптерска единица за доставување храна, лекови, вода за пиење, обезбедуваме посебен сообраќаен режим на делниците каде е потребно да се овозможи непречено движење, да се овозможи градежната механизација и работната сила со подршка на АРМ да изгради насипи и да го исчисти теренот од надојдената вода, рече министерката.

- Речиси половна од Македонија беше под вода, дел од граѓаните се загрозени не само од поплавите, туку и од немање вода, оштетени се и објекти причинета е и материјална штетеа, одредена бројка луѓе се евакуирани и привремено сместени на безбедно, вели Јанкуловска.

Таа најави дека состојбата ќе се следи и зависно од временските услови ќе се интеревнира и ќе се преземаат дејствија кои одговараат на соодветниот момент.

Слично

Поврзани вести