Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јагма за работа во Македонски Шуми: за 1600 работни места се пријавиле 25 000 луѓе!

Јагма за работа во Македонски Шуми: за 1600 работни места се пријавиле 25 000 луѓе!
Над 25 илјади пријави за 1600 слободни работни места во македонски шуми. Најмногу апликации или 12 илјади биле доставени од луѓе со средно образонавие. Со основно имало само 3500 а останатите биле со факултет, објави Сител. Директорот Караџовски се надева дека до крајот на месецов ќе заврши обработката на сите документи. Проблем според Караџовски предизвикуваат двојните пријави за едно работно место како и оние амбициозните кои аплицирале за раководна позиција со основно образование. Огласот беше распишан за вработување на 1600 лица од четири социјално ранливи категории – долгорочно невработени, самохрани родители, лица од многудетни семејства и семејства без ниту еден вработен.
Слично

Поврзани вести