Јаболкарите задоволни од откупот
Ги продаваат своите јаболка по цена која се движи од 15 до 20 денари и велат дека генерално се задоволни од годишниот откуп. Производителите на јаболка ова го изјавуваат со тенденција цената да се зголеми во наредниот период.
Собраните количини од Преспа кои се слични на ланското ниво, 80 – 100 илјади тони, одат исклучиво за извоз, главно во Србија, Русија, БиХ и Бугарија, но нешто помалку и во Ирак.
- Пласманот годинава оди добро. Интересот расне. Имаме голема побарувачка. Дали тоа ќе потрае или не, не можеме да прогнозираме, но засега е добро. Цените се движат од 18 до 20 денари. Црвениот делишес е околу 20 до 21 денар, а сите останати 18 до 20 денари, изјави Стевчо Радевски, производител од Ресенско.
Според Менде Ивановски, производител од Преспа и претседателот на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, побарувачката на јаболка е огромна, но цените не се високи.
Слично
