Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ја напуштил фотелјата - сега бара работници

Ја напуштил фотелјата - сега бара работници

Радивоје Мишовиќ ја оставил фотелјата и отворил фарма, а сега бара и работници. 

Тој добил субвенции од државата, а другото сам го финансирал. Желбата за економски напредок го принудила 41 годишниот Мишовиќ да започне со своја работа. По 12 години работа во туризам и банкарство, решил да основа фарма со расни крави. 

Тој во Рудине, златиборско село почнал да одгледува 20 грла крави, а  ќе почне и со производство на швајцарско сирење гријер. 

Вели дека оваа работа е неизвесна, бара знаење и многу труд. 

Мишовиќ се надева дека вложеното ќе му се врати. 

„Проблем е работната сила. Малку се тие кои сакаат да работат и  трпеливо да чекаат резултати. Потреба за работници ќе има, иако засега работам сам. Фармата е на 8 км од куќата, а се грижам и за земјиште од 18 хектари“ - раскажува Мишовиќ. 

Сирењето гријер ќе го прави на традиционален начин стар 200 години. Сепак, вели за успех потребна е и малку среќа. 



Слично

Поврзани вести