Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ја напуштате работата? Во никој случај не му ги кажувајте овие работи на вашиот шеф

Ја напуштате работата? Во никој случај не му ги кажувајте овие работи на вашиот шеф

Ако решивте да ја напуштите работата и веќе сте нашле нова. Честитки! Тоа е промена што води до раст, па веројатно сте донеле вистинска одлука.

Меѓутоа, пред да ја свртите новата страница, постои една последна пречка - вистинското збогување. Не се знае кога контактите од вашата работа ќе ви притребаат, па бидете сигурни дека ќе заминете на пријателски начин, и ќе оставите добар впечаток.

За да го сторите тоа, Форбс советува да не му ги кажувате на вашиот шеф овие пет работи:

1. Можете да ме повикате за совет и помош откако ќе заминам. (Не оставајте ја оваа врата отворена).

2. Ако ме третиравте подобро, можеби нема да заминам. (Детски и непрофесионално).

3. Да, јас ќе се занимавам со неколку дополнителни проекти во деновите што останувам тука. (Не бидете глупави - ќе се оптоварите премногу, без да има смисла. Уште поважно е да се подготвите за нова работа).

4. Ќе ви кажам едно-две нешта за колегите ... (Озборувањето остава многу лош впечаток. Нека вашиот шеф сам открива работи за подредените).

5. Мојата нова работа е неверојатно, многу подобра од оваа. 

За да имате успешен старт на новата позиција, е добро да на чисто со старото работно место. Запомнете дека во една индустрија сите се познаваат, па затоа е треба да бидете сигурни дека досегашниот шеф може да каже само добри работи за вас.

Слично

Поврзани вести