Извршната директорката на „Сковин“, Марија Митева, поднела неотповиклива оставка
Неотповиклива оставка од функцијата извршен директор на винарската визба „Сковин“, поднела Марија Митева, информираат од акционерското друштво, преку соопштение до Македонска берза.
Како што се наведува во соопштението, оставката Митева ја поднела пред еден месец, односно на 23 септември, а на нејзино место како вршител на должност е поставен Перо Моцан.
Како кадар на „Сковин“, таа подолго време ја извршуваше функцијата финансиски директор, а потоа стапи и на челната позиција во компанијата, што ја извршуваше досега.
Слично
