Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извезени речиси 17 милиони евра вино во шишиња лани

Извезени речиси 17 милиони евра вино во шишиња лани
Македонија лани извезе 16.552.139 литри вино во шишиња во вредност од 16.877.350 евра и 98.608.953 литри наливно вино во вредност од 38.348.430 евра. Производството на вино минатата година изнесуваше 780.769 хектолитри вино на точење и 159.019 хектолитри вино во шишиња, покажуваат статистичките податоци. Интересно е што во последниве години трендот на производство на вино во шишиња е во пораст и се движи од 149.372 хектолитри во 2010 година, до 159.019 хектолитри во 2012 година. Според податоците од Статистичкиот деловен регистар, во Македонија работат 81 винарија, лоцирани претежно во Скопје, Кавадарци и Неготино. Статистиката покажува и дека во периодот 2009-2011 година, површините под винова лоза се во благ пораст. Во 2009 година винова лоза била засадена на површина од 19.960 хектари, во 2010 година на површина од 20.033 хектари, а во 2011 година на површина од 20.164 хектари. Државниот завод за статистика обелоденува и дека во 2011 година прометот на вино од свежо грозје во трговијата на мало учествува со 15.2 % во вкупниот промет на алкохолни пијалаци и изнесува 247 милиони денари, додека прометот на природна ракија во вкупниот промет на алкохолни пијалаци учествува со 12.4% и изнесува околу 200 милиони денари. Пресметано е дека во 2011 година македонските граѓани на возраст над 18 години просечно испиле по 2,0 литри вино и 0,9 литри ракија.
Слично

Поврзани вести