Економија, финансии, бизнис

Контакт

Извезени над 7 милиони килограми грозје

Извезени над 7 милиони килограми грозје
Откупувачите на грозје од Албанија во моментов се најголемите трговци со тиквешкото грозје, соопшти Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија”. Според него, грозјето од најголемиот лозаро-винарски регион во Македонија, освен за Албанија во голем дел заминува и за Црна Гора, но и во останатите земји од соседството. Аризанов информира дека од стартот на бербата до сега се извезени над 7 милиони килограми десертно и винско грозје само преку царинскиот терминал Кавадарци. Но, вели тој, извозот е многу поголем, ако се има предвид фактот дека грозје се продава надвор од Македонија и директно преку граничните премини. - Веќе се чувствува навалица на странци кои доаѓаат да купат грозје од најголемиот лозаровинарски регион во Македонија. Нема доволно грозје, тоа е факт. Ми се чини дека килограм „смедеревка” годинава ќе достигне и цена од над 12 денари за килограм - тврди Аризанов.
Слично

Поврзани вести