Економија, финансии, бизнис

Контакт

Израел донира техничка опрема за основно училиште во Кичево

Израел донира техничка опрема за основно училиште во Кичево

Денес во 11 часот во основното училиште Кузман Јосифовски Питу во Кичево беше свечено отворена  “Иновативна Израелска училница” со поддршка на Министерство за надворешни работи на Израел и израелскиот амбасадор Дан Оријан. Донацијата вклучува техничка опрема од 3Д принтер, принтери, паметни табли со проектори и лаптопи за училиштето. Заедно со опремата донирана е и специјална илустартивна изложба наречена “Hi - Tech entrepreneurship" од “Shirat Enterprises Ltd” – Израел, каде низ илустрации и кратки коментари се прикажани и опишани примери за иновации и претприемништво.

Амбасадорот Дан Оријан истакна колку е важно да се вложува во образованието и иновациите во нашата земја и дека Израел ќе продолжи со развивање на партнерството со Македонија во различни сегменти. Нашето минато е заедничко и ќе продолжиме да го негуваме во иднина и ќе работиме како партнери на многу проекти.

Со оваа донација училиштето доби статус на единствено основно училиште во земјава што поседува 3Д принтер и учениците ќе имаат можност и пристап до подобра техничка опрема за следење на наставата.

На настанот поздравно обраќање имаа и претставникот од опшина Кичево задолжен за образование Емин Насуфи и директорот на училиштето Драган Андрески. И двајцата се заблагодарија на донацијата и истакнаа дека оваа донација ќе го зголеми квалитетот на наставата во ова училиште и ќе помогне да фати чекор со современиот и дигиталниот свет.

Координатор и иницијатор на проектот Маја Сталеска - Алумни на програмата на Машав - Израелска агенција за интернационален развој и соработка, изрази огромна благодарност до Израелскиот Амбасадор Дан Оријан за поддршката и партнерството и посочи дека е многу важно да се грижиме за помалите заедници и секој на свој начин да придонесуваме за поголем развој и унапредување на животот на сите поединци, особено најмладите. 


Слично

Поврзани вести