Израдувајте ги Вашите вработени со подарок кои самите ќе го одберат!
Во текот на минатата недела македонскиот стартап giftcards.mk го збогати своето портфолио со нова услуга. Станува збор за услугата наречена „Гифт картички за компании“ која е дел од под-брендот giftcards.mk corporate и е наменета за сите оние кои сакаат да ги израдуваат и наградат своите вработени за празниците кои доаѓаат.
Како дел од услугата „Гифт картички за компании“ на компаниите им се нудат поголем број на можности и привилегии при купување на гифт картички за нивните корпоративни цели.Новитет е тоа што отсега компаниите на своите вработени ќе можат да им подарат ваучери со вредност, а потоа секој вработен сам да си ја одбере посакуваната гифт картичка во таа вредност.
На веб страната на www.giftcards.mk во моментов може да се најдат повеќе од 100 различни видови на гифт картички од околу 40 продавници, а меѓу нив и голем број светски и домашни познати брендови.
Вредносните ваучери можат да бидат специјално дизајнирани во зависност од потребата на компанијата која ги подарува, а истовремено и персонализирани за секој вработен поодделно.
Подарувањето и изненадувањето никогаш не билe поедноставни. Вистинскиот начин да ги наградите вашите вработени е достапен со само еден клик на giftcards.mk.
Сите можности кои ги нуди оваа услуга „Гифт картички за компании“ можете да ги погледнете на www.giftcards.mk/corporate.
ПР објава