Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изненадувачки: Сиромашните деца имаат поинаков мозок од богатите!

Изненадувачки: Сиромашните деца имаат поинаков мозок од богатите!

Се покажа дека социо-економските услови се многу важни за начинот на функционирање на мозокот, но дека дури и мали подобрувања, како што се зголемување на приходите или помош во храна и образование - може значително да влијае на развојот на мозокот.

Деца кои израснале во сиромашни услови, имаат поинаква физичка структура на мозокот отколку нивните побогати врсници, открива американска студија објавено во списанието "Nature Neuroscience". Сликите на мозокот на 1099 деца и млади од девет големи градови во САД покажуваат дека површината на мозокот е помала кај деца од сиромашни средини. Токму површината на мозокот е важна, бидејќи тоа е местото каде што се наоѓаат мозочните клетки одговорни за интелигенција. Човечкиот мозок има длабоки бразди и брчките, бидејќи морал да се вклопи во мал череп. Кога брчките би се исправиле, мозокот ќе биде многу поголем отколку што изгледа.

Оваа студија исто така покажала колку социјалната средина и економските услови имаат големо влијание во раниот период од развојот на мозокот, а особено беа забележани големи разлики во регионите одговорни за говор и читање, меморија, способност за донесување одлуки и разбирање на просторните односи.

Поголемата површина  на мозокот на децата од побогатите средини научниците ја објаснуваат со балансирана исхрана која му обезбедува на мозокот важни хранливи материи, но исто така и фактот дека побогатите родители ја поттикнуваат менталната активност на нивните деца.

Колку е поголем приходот, толку е поголема разликата!

„Особено меѓу децата од семејствата со најниски приходи, мали разлики во приходите се поврзани со релативно големи разлики во површината на одреден регион од мозокот важни за постигнување на академски успех“, вели д-р Кимберли Нобл, еден од водачите на студијата и асистент професор на Одделот за педијатрија при Универзитетот на Колумбија.

Се покажа дека социо-економските услови се многу важни за начинот на функционирање на мозокот, но дека дури и мали подобрувања, како што се зголемување на приходите или помош во храна и образование - може значително да влијае на развојот на мозокот.

Слично

Поврзани вести