Измрзнаа овошките, праските и кајсиите најпогодени
Од пролетните ниски температури во април најпогодени се праските и кајсиите, но и лозјата во Тиквешко.
Најмногу штети имаат мештаните од селата Паликура, Сопот, Фариш и Моклиште и тоа на помали површини.
„Штети има и кај некои сорти од грчката слива. Бадемите кои неколку години наназад трпеа последици од мрзнење, сега не се погодени од ниските пролетни температури, а штети нема и кај крушите и јаболките. Оштетувањата зависеа, пред се, од местоположбата и сортите“ - вели инженерот агроном, м-р Диме Златев.
Сите кои имаат измрзнати земјоделски култури, штетите можат да ги пријават во општина Кавадарци за да добијат обештетување. Ќе се направи проценка на штетите на терен.
Слично
