Економија, финансии, бизнис

Контакт

Измислена четкичка за заби која се носи на јазик

Измислена четкичка за заби која се носи на јазик
Сосема нов начин на миење заби измислија двајца 26-годишни мажи од Канада , со помош на јазикот и без користење на раката.

Адел Елсер и Саид Фајад сметаат дека нивнот изум е далеку похигиенски од вообичаените четкички.

Овој геџет, наречен T2T (Tongue To Teeth) се вовлекува на јазикот и содржи слој паста за заби.

- Не користите раце и хигиената е клучот, изјави Елсер, инаку работник во фабрика за болјери, кој дошол на оваа идеја кога се враќал дома после 12-часовна смена.

Елсер и Фајад веќе направиле Фејсбук страница и Твитер налог за својот изум и се надеваат дека ќе успеат да соберат 100.000 канадски долари како почетна инвестиција.

Слично

Поврзани вести