Економија, финансии, бизнис

Контакт

Излезе ценовникот за Порта Македонија

Излезе ценовникот за Порта Македонија
Фактор го пренесува интегрално дел од писмото на Министерството за култура со ценовникот за закуп на простор во Порта Македонија. Во посебно обликуваниот мултифункционален простор на две нивоа, со површина од 120 м2 и 76 м2, нудиме можност за одржување на конференции, прес-конференции, семинари, билатерални и мултилатерални средби, промоции на книги и сл. Објектот е опремен со ентериер кој може да се адаптира за камерни концерти, изложби, коктели, венчавки и разни прослави, а на располагање вклучува и најсовремена аудио и видео опрема, како и внатрешно обезбедување. Во просториите обезбедуваме 80 места за седење. Просторот може да се изнајми од час и од ден. -          За еден час – 6.000,оо  денари, плус ДДВ. -          За два часа - 10.000,оо денари, плус ДДВ. -          За три часа – 15.000,оо денари, плус ДДВ. -          За четири часа – 20.000,оо денари, плус ДДВ. -          За пет часа – 25.000,оо денари, плус ДДВ. -          За шест и повеќе часови, односно за цел ден – 30.000,оо денари, плус ДДВ. Исто така за издавање ја нудиме и отворената тераса (видиковец), со површина од 180 м2, со 100 места за седење. На терасата се поставени два телескопа преку кои посетителите ќе можат да ги разгледуваат знаменитостите на Скопје.
Слично

Поврзани вести