Економија, финансии, бизнис

Контакт

Излезе огласот за 1600 нови државни вработувања

Излезе огласот за 1600 нови државни вработувања

Јавното претпријатие „Македонски шуми“, објави оглас за дури 1600 нови вработувања. Станува збор за проектот за вработување  на социјално загрозени  лица, а кој ќе добие работа ќе се знае за еден месец. Според најавите, една третина од работниците ќе останат во ова претпријатие, а останатите ќе се распределуваат во другите институции. Притоа се бараат илјада помошни работници, 500 референти и 100 соработници и советници.

Како што информираше портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, за работа може да аплицираат оние кои подолго време се невработени односно повеќе од 10 години, лица од многудетни семејства, самохрани родители и еднородителски семејства, невработени лица од семејства каде нема ниту еден вработен. Тој посочи и дека на овој оглас се исклучива секоја можност за лобирање и протекционизам при вработувањето. Исто така, додаде Ѓорѓиев, досега имаат добиено податоци од институциите за потреба од ангажирање дактилографи, стенографи, чувари, обезбедувачи на објекти, курири, доставувачи на пратки и други отворени работни места каде што ќе треба да се сместат новите работници.

Огласот важи до 22 јуни.

Слично

Поврзани вести