Економија, финансии, бизнис

Контакт

Излегоа огласите – за песни по државен терк ќе се трошат 5 милиони евра!

Излегоа огласите – за песни по државен терк ќе се трошат 5 милиони евра!
Македонската радио телевизија со јавен повик бара пет до седум члена на новата Комисијата која ќе треба да одбере кои се најдобрите песни за кои субвенции ќе дава државата. Конкурсот за музичките композиции, ќе биде распишан во првата половина на јануари. Според  планот за субвенции за песни ќе се двојат по половина милион евра, но за да добијат пари песните ќе мора да ги запазат бараните критериуми. Со овие пари годишно ќе се прават по 200 композиции. Конкурсот за членовите на комосијата ќе трае до 15 декември, а носител на сите процеси ќе биде МРТ, појасни владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. „Од оние кои ќе конкурираат, ќе биде направена потесна листа од 40-50 кандидати, од кои ќе се избира Комисијата по пат на електронски систем, а во истата ќе има 5 до 7 членови“, додаде Ѓорѓиев. Притоа во Комисијата ќе влезат автори на музика и аранжмани, изведувачи, музички продуценти, но и музички уредници. Во огласот за композициите, ќе се бираат категориите „таленти", „афирмиран изведувач", „истакнат изведувач", „врвен изведувач", „композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства" и „композиции со кои се афирмира историјата на Македонија" . Овие композиции ќе се субвенционираат со 3.000 евра, од кои 1.500 евра за композицијата и за аудиозапис, а останатите 1.500 евра ќе се даваат за видео спот за песната. Според огласот, од 200 песни што ќе се прават со државни пари, 50 ќе бидат детски, а останатите народни или забавни. Притоа, песните кои ќе ги изведуваат ѕвезди ќе бидат финансирани со 4.500 евра, а детските со 400 евра. Планот е овој проект да цела деценија, при што за песни од буџетот ќе се потрошат 5 милиони евра.
Слично

Поврзани вести