Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгоре фабрички погон во Кратово

Изгоре фабрички погон во Кратово
Во големиот пожар синоќа изгоре фабричкиот погон од фирмата “Техно абразив“ во Кратово.  Според првичните информации податоци од Министерството за внатрешни работи, пожарот избил во 17 часот во погонот за производство на брусни флексови. Со оглед на тоа што пожарот избувнал по завршувањето на работно време, нема повредени. Притоа огнот први го забележале жителите на селото Железница кои веднаш почнале да го гасат по што пристигнала и противпожарната единица на Кратово. Причинета е голема материјална штета, а денеска полицијата ќе врши увид на местото  на пожарот.
Слично

Поврзани вести