Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗГОР ЦЕНИ: Ова се најскапите градови за живот во Европа!

ИЗГОР ЦЕНИ: Ова се најскапите градови за живот во Европа!

Во Европа се наоѓаат доста држави и градови со висок стандард и за живот и високи примања. Но оваа позиција оди и со високи трошоци.

Според извештајот на „Glassdoor“ за земјите во Европа со највисок стандард на живот, во Лондон се наоѓаат највисоките кирии во цела Европа. Што просто значи дека они што живеат во британската престолнина одвојуваат најмногу од својот приход за покрив над главата, во споредба со жителите на останатите европски градови.

Индексот на трошоците на живот на „Glassdoor“ се пресметува врз база на тоа колкав дел од приходот е потребен за стандардна „кошница“ на стоки и услуги во различни земји, каде се вклучени како намирници, посети на ресторани, транспорт, комуналните сметки и кирии.

Врз основа на оваа листа погледнете ги 11-те града во Европа со највисоки трошоци за живот:

11. Амстердам

Холандскиот главен град е претпочитано место за живот за многу Европејци, бидејќи е културен, финансиски и образовен центар истовремено. Но оваа популарност ги зголемува и трошоците за живот.

10. Хелсинки

Финската престолнина ги има едни од највисоките трошоци за живот во речиси сите категории, но пак балансира и со повисоки плати.

9. Стокхолм

Шведската престолнина е меѓу првенците на стандард на живот во Европа, бидејќи локалните стоки и услуги (храна, превоз, имот) се релативно ниски, со оглед на плаќањето.

8. Даблин

Ирската престолнина ги има едни од највисоките средни плати во Европа. Но зголемувањето на станбени трошоци и цени на стоките ја прави поскапа за живеење оваа година.

7. Париз

Годишна приходи се релативно ниски и се 6-ите најниски во Европа. Но трошоците за имот се исклучително високи во француската престолнина и тоа го прави градот еден од најскапите за живот.

6. Копенхаген

Културен, економски и менаџерски центар на Данска, градот е со доста високи трошоци за живот.

5. Берген

Норвешкиот крајбрежен град е опкружен со планини и фјордови, но трошоците за живот се не помалку пониски од околните врвови. Тука трошоците за живот се поскапи од оние во Лос Анџелес, САД.

4. Осло

Норвешкиот главен град ги држи највисоките плати во Европа, но сè - од стока до сметки, е скапо.

3. Лондон

Британската престолнина, како што веќе рековме, ги има највисоките трошоци за имот во Европа.

2. Цирих

Швајцарскиот финансиски центар се прослави со високи трошоци за транспорт, сместување и комунални услуги.

1. Женева

Ова е најскапиот град за живот во Европа. Тука е со 3% поскапо да се живее, отколку во Њујорк, иако приходите се едни од највисоките во Европа.

Слично

Поврзани вести