Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избран нов Претседател на Одборот на директори на АмЧам Македонија

Избран нов Претседател на Одборот на директори на АмЧам Македонија

Славко Пројкоски, Главен финансов менаџер на Македонски Телеком АД - Скопје е новиот Претседател на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија). Г. Пројкоски е член на Одборот на директори од септември 2014 година и претходно ја вршеше функцијата на Секретар/Благајник.

Славко Пројкоски доаѓа на местото на Мирослав Марчев, Директор за даноци и правни услуги во ПрајсвотерхаусКуперс Скопје, кој беше на оваа позиција од септември 2014 година.

На состанокот покрај г. Пројкоски беа избрани и:

- Емре Козлу, Генерален директор, Филип Морис –ТКП Скопје за прв Потпретседател; и

- Борка Петровска, Менаџер на администрација, Фени индустри за втор Потпретседател;

Мандатот на Претседателот на Одборот на директори и на останатите новоизбрани членови е една година со право на повторен избор.

Слично

Поврзани вести