Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избран е најдобриот ученички бизнис план

Избран е најдобриот ученички бизнис план
Со цел развој на претприемачките способности и годинава се одржа натпреварот за најдобар ученички бизнис план. Победи екипата од основното училиште „Јане Сандански“ од Струмица за бизнис планот „Донкас фарм“, за што добија награда од 1500 евра. Втора заврши екипата од СУ „Гоце Делчев“ од Куманово, а трета од Средното економско училиште од Гостивар „Биохумуст Гост“. Веќе седма година по ред се одржува овој натпревар во организација на Бирото за развој на образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет во Скопје. Наградите годинава го додели премиерот Никола Груевски. „Иако за претприемништвото во светски рамки се зборува уште од поодамна, во последните три-четри децении тоа почна да се смета за движечка сила на економскиот развој, структурните промени и создавање на нови работни места, а со тоа и алатка во борба против сиромаштијата“, изјави пред натпреварувачите Груевски. Според организаторот годинешниот натпревар е најмасовен досега каде што учествувааа 49 бизнис планови од 19 градови во Република Македонија.
Слично

Поврзани вести