Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избори се ближат-земјоделски субвенции се нижат!

Избори се ближат-земјоделски субвенции се нижат!

Федерацијата на фармерите на Република Македонија ја поздрави предвремената исплата на 144,4 милиони денари субвенции на 10.681 земјоделеци за поддршка на сточарството, лозарството, производство на градинарски култури, на житни култури и производство на тутун и премии за помош за осигурување. Станува збор за субвенциите за 2012 за растително и сточарско производство, чиј краен рок за исплата според Законот за земјоделство и рурален развој е во јуни 2013 година.

„На ваков начин се овозможува извршување на интензивните земјоделските активности во овој период во растителното и сточарско производство, а воедно се помага и на оштетените градинари и поледелци чии земјоделски површини беа зафатени со поплавите, велат од Федерацијата.

Оттаму сметаат дека средствата во овој период се особено важни бидејќи земјоделците имаат највисоки трошоци за набавка на репроматеријали во земјоделското производство.

Вчера пак министерството за финансии  исплати вкупно 341 милиони денари субвенции на 13.041 земјоделец за поддршка на одржување лозови насади, производство и продажба на тутун и производство на градинарски култури.

Слично

Поврзани вести