Изберете ја најдобрата статија на Фактор, за влез на Академијата за Менаџери!
Фактор во соработка со Академија за Менаџери овозможува учество на предавањата на кои ќе се одржат во Мај во Скопје со прфесори од Шефилд универзитетот.
Со учество во натпреварот „Најдобрата статија од Фактор.мк“, Вие почитувани читатели имате можност да учествувате на Предавање: Технолошки и оперативен менаџмент на Академија за Менаџери, која изминативе 6 месеци со своите студиски програми низ кои досега минаа 100 студенти покажа извонредно ниво на квалитет во обуката на кадри од кои ќе произлезе идната бизнис елита во земјата.
Предавањата на Академијата за Менаџери, кои се на англиски јазик, се пред се наменети за менаџери од различни компании од јавниот и приватниот сектор и се одржуваат за време на викенди, во Скопје.
Академијата располага со висококвалитетен наставен кадар, составен од искусни професори со исклучителна професорска и истражувачка кариера од СИТИ Колеџ, Универзитетот Шефилд, како и други реномирани универзитети од Велика Британија, кои освен теориска подготвеност, поседуваат и огромно практично искуство во својот домен, и претставуваат столб на квалитетните студии.
Тоа е и целта на Академијата: да едуцира и доедуцира менаџери, со акцент на практична примена на теоријата која се учи. Освен тоа, на студентите постојано им е достапен комплетен систем на студентски сервиси, како електронска библиотека, достапност до позната стручна литература, како и системи за интерна и веб- базирана комуникација.
Фактор, како профилиран портал за бизнис и економија и сега и во иднина преку вакви и слични акции ќе се обидува да ги прошири видиците и да ја зголеми конкурентноста меѓу идните претприемачи, како единствен пат кон поголем личен или компаниски успех. Оттаму произлезе и заедничката акција на Академијата за менаџери и Фактор, која промовира бизнис лидерство, а образованието, се разбира е еден од клучните предуслови за тоа.
Известување: Поради објективни причини предавањата на Академијата за Менаџери закажани за средината на Мај се одложуваат за извесно време. Благовремено ќе Ве информираме кога ќе продолжи натпреварот на Фактор за избор на најдобра статија со која може да се обезбеди учество на некоја од овие обуки.
Благодариме за разбирањето.
Слично
