Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избегнувајте ги овие линкови: Ова се најчестите измами на Фејсбук

Избегнувајте ги овие линкови: Ова се најчестите измами на Фејсбук

Една од работите која многумина корисници на Цукенберговата социјална мрежа би сакале да ја дознаат е кој се и „душка“ по профилот и колку луѓе ги прегледале нивните објави на оваа мрежа, но Фејсбук ваквите информации ги сокрива и тие не се достапни за корисниците.

Сепак, на профилите на некои корисници на Фејсбук можеме да наидеме на попис на лицата кои најчесто ги прегледувале нашите профили, како и линк на кој сите можат да дознаат кој се ги прегледува нивните профили на оваа мрежа.

Ако во иднина наидете на вакви линкови, никако немојте да кликате на нив бидејќи станува збор за обична измама поради која многумина би можеле да имаат големи проблеми. Антивирусната компанија Битдефендер неодамна објави листа на десет најчести измами на Цукенберговата социјална мрежа во 2014 година.

Ова е листата на десет најголеми линковски измами на Фејсбук:

1. Вкупниот број на прегледаност на профилот- 30.2% 2. Сменете ја бојата на Фејсбук - 7.3% 3. Секс видео на Ријана  - 4,76 проценти 4. Проверете го статусот на Фејсбук и добијте бесплатна маичка - 4,21% 5. Збогум Плав Фејсбук - 2,76% 6. Бесплатни работи - 2,41% 7. Проверете дали вашите пријатели ве избришале од листата на контакти - 2,27% 8. Погледнете кои 10 лица обично го посетуваат вашиот профил - 1,74% 9. Дознајте како да видите кој го посетил вашиот профил - 1,55% 10.Ја променив темата на Фејсбук! Изгледа одлично "- 1,5%

   
Слично

Поврзани вести