Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивановски бара намалување на надоместот за дигитализација на телевизиите

Ивановски бара намалување на надоместот за дигитализација на телевизиите

 За 36 проценти да се намали годишниот надомест за дигитализација на телевизиите од страна на операторот ONE ,  денеска побара министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Според Ивановски, годишната претплата на националните телевизии со намалување од 36 отсто би изнесувало 100 илјади наместо 150 илјади, а за регионалните телевизии 13.056, наместо над 20 илјади евра.

На првиот допис со барање за намалување на цената испратен пред една недела, ONE, според Ивановски, се согласил на намалување за 10 отсто.

„Ние со тоа не сме задоволни и денеска предлагаме и порачуваме до ONE операторот да ја разгледаат можноста и да ги намалат цените со следниве параметри: за националните телевизии 100 илјади евра годишен надомест што значи попуст од 36 проценти, а за регионалните телевизии тоа да изнесува 13.056 евра годишен надомест. Тоа се исто така 36 проценти намалување“, изјави министерот Ивановски.

Слично

Поврзани вести