Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов рамо до рамо со светските академици

Иванов рамо до рамо со светските академици
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов доби сертификат, со него станува член во Светската академија на науките и уметностите. Ова е награда како признание за неговите исклучителни научни и општествени достигнувања и посветеност на целите за глобална човекова состојба, мир и одржлив развој. За време на доделувањето присуствуваа многу академици,  како и претседателот на, професорот Иво Шлаус. „Академијата придава огромно значење на образованието, особено на високото образование. Светот денес е многу поразличен од пред 50 или 100 години и токму затоа треба да бидеме подготвени за овој свет. За таа цел ни требаат лидери. Професор Иванов направи напори да развие токму вакво лидерство и да ги научи младите луѓе преку конкретни случаи како да се справуваат со проблемите што го преокупираат светот“, нагласи Шлаус. За  Иванов ова е огромна чест. „Ова нека биде пример за сите мои помлади колеги, секогаш да имаат цел во животот и да го достигнат она што во младоста е недостижно. Секогаш кога имаат цел, да се посветат на тоа, затоа што тоа некој го следи и вреднува“, рече Иванов,. Тој на Светската академија на науките и уметностите и порача да продолжи со својата мисија и да ги обединува сите умови за заеднички да му понудат на светот. Светската академија на науките и уметностите е меѓународна невладина научна организација. Таа е глобална мрежа на членови со истакнати постигнувања од областа на природните,  општествените, хуманистичкита  науки и уметноста.
Слично

Поврзани вести