ИВАНА ОТКРИ КАКО СЕ ЖИВЕЕ ВО НОРВЕШКА: Водата е бесплатна, а сообраќајот беспрекорен
Ивана Пелех веќе шест месеци живее во Осло, Норвешка каде по завршување на факултетот решила да си ја побара среќата.
Таа се иселила од Хрватска каде дипломирала историја на уметност и италијански јазик.
Со своето момче кое решило да замине од Загреб, решиле да почнат нов живот во Норвешка. Прво заминал тој, а потоа и таа му се придружила.
„Италијанскиот јазик се покажа како предност затоа што по доаѓањето за помалку од месец дена најдов работа во италијански ресторан“- вели Пелех.
Вели дека работа има секогаш, но важно е да знаете јазик за да работите по струка.
„Норвежаните како и сите други на светот, прво ги вработуваат своите луѓе, а потоа луѓето кои владеат јазик, а потоа дури нас и затоа морам да го научам јазикот“ - раскажува девојката.
Вели дека водата е бесплатна затоа што доаѓа од езеро кое се наоѓа во близина, се плаќа со картички, а минуси нема.
За јавниот превоз раскажува дека е одлично организиран и дека воопшто нема потреба да се користат приватни автомобили.
Игрите на среќа ги контролира државата, а од данокот се финансира спортот и културата.
