Ивана отишла во Германија со 200 евра и 2 куфери: Денес многу и завидуваат а како успеала да се снајде?!
Ивана Тевид родена во Крапина (Хрватска) одлучила во 33 година да го напушти своето родно место и да почне живот од почеток. Таа почувствувала силна потреба за промена, и на тоа се осудила.
Речиси 12 години работела во бутик, а потоа отворила и своја продавница. Но, на крај на месецот секогаш била на нула. Знаела дека тоа не е живот каков што сака.
Сакала да патува и да го открие светот, па го затворила бутикот, се пријавила во бирото и одлучила да размисли што да прави со својот живот.
„Тоа лето 2015 година ме повика тетка од Германија, која е самохрана мајка, и ме покани со своето дете на море. И ги кажав своите проблеми а таа рече: „Дојди со мене три недели и ќе видиш дали ќе ти се допадне па ќе размислиш што понатаму“.
После три недели се вративме дома од море и јас им кажав на моите: „Мамо, тато, јас утре одам за Германија“.
„Тоа што ми остана во сеќавање и што никогаш нема да го заборавам е тоа утро кога заминував. Сите плачевме, тато ме прегрна, никогаш никој така не ме прегрнал. Едноставно, како да знаеја дека нема да се вратам никогаш“, ја почнува приказната Ивана.
Таа раскажува дека не знаела јазик, но помошта од тетка и многу и значела бидејќи многу и помогнала. Таа одела со неа на разговори, и пишувала молби, ја пријавила на нејзина адреса, што било услов да може да остане во Германија. Исто така, иако немала работа, морала секој месец да плаќа по 170 евра за пензиско и здравствено, бидејќи и тоа е нивен услов.
После два месеци ја нашла и првата работа, т.е мини работа. Вели дека се работи за работа со која можеш да заработиш најмногу 400 евра и каде работодавецот не ти плаќа доприноси.
Пакувала кнедли за супа во една фабрика. Но, тоа не и било доволно, бидејќи во Хрватска имала кредит кој го отплаќа, и така тетка и ѝ пронашла пет куќи кои ги чистела секој ден по една.
„Тоа многу жени во Германија денес го работат, но се срамат да признаат. Јас не. Ништо тоа не е страшно, чесно заработуваш и нека се знае дека не е лесно од почеток. Дури во вториот месец најдов работа во старечки дом, каде и сега работам. Мојата работа е да подготвувам појадок за луѓето. Имаме 120 корисници, јас на чинии ги ставам нивните пецива, им ги носам в соба, некои час и половина сум на машина за садови и тоа е мојата работа“, вели Ивана.
Таа вели дека јазикот најдобро се учи со луѓе, па денес, после три години престој во Германија, веќе добро зборува германски.
Раскажува дека немала никаква поддршка. Имало многу солзи но сепак за среќа тука била нејзината тетка кај која живеела првата година. Случајно запознала сам германски пар кај кои живее моментално. Вели дека тоа се прекрасни луѓе, а таа им е како ќерка.
Иако во Германија живеат многу Хрвати, Ивана кажува дека избегнува да се дружи со нив.
„Во Германија преферирам да се дружам со Германци, и ги избегнувам Хрватите. Имено, на нив не можам да се потпрам. Се договориме нешто, па потоа не испадне така, а со Германците имаш свој план, распоред и секогаш е така како што ќе договориш“.
Во странска земја не и недостасуваат многу работи од дома, единствено можеби ручекот со најблиските. Во Хрватска засега вели дека не планира да се врати, бидејќи сака уште да заработува и да патува, а враќање во родниот крај секако е во план во далечна иднина.
Засега Хрватска ќе остане само дестинација за годишен одмор, па така во Крапина престојува по неколку недели годишно.
„Уште кога дојдов на аеродром, она што прво го забележав, беше дека луѓето се незадоволни, намуртени, дека се во некаква борба за преживување. За разлика од Германците кои се да кажеме посветени во уживање на животот. Но, тоа е разбирливо. Тие се ситуирани а нивниот животен стандард е на многу повисоко ниво“, вели Ивана.
„Луѓето овде ме гледаат поинаку, во смисла: „Кој е како тебе, ти си замина, тебе ти е лесно. “
Да, но не ми беше лесно. Отидов со последните 200 евра и 2 куфери. И ништо не ми падна од небо“, заклучува Ивана.
