Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИутеКредит со донации го поддржува спортот во Македонија

ИутеКредит со донации го поддржува спортот во Македонија

ИутеКредит Македонија со три донации го означи крајот на претходната 2020 година. Донациите се за три спортски клуба, а со финансиската поддршка, ќе им се овозможи на клубовите подобри услови за работа и напредок во спортот кој го практикуваат.

„Дел од постојаните заложби на ИутеКредит Македонија се и инвестициите во спортот кој сметаме дека е особено важен сегмент од функционирањето на секое општество. Токму затоа, крајот на 2020-та година го означивме со донации за три спортски клубови од земјава, женскиот фудбалски клуб СЦ Истатов 2015 од Нов Дојран, женски кошаркарски клуб Струга 2009 и женскиот ракометен клуб Македонија Ѓорче Петров. Оваа финансиска поддршка ќе им овозможи на клубовите подобри услови за работа и напредок во спортот кој го практикуваат.

И во изминатите години ИутеКредит Македонија беше поддржувач на фудбалски кампови за млади во организација на Реал Мадрид фондацијата каде учесницните имаа можност да ја подобрата нивната техника, тактичкото однесување на теренот и когнитивните способности, спроведено од професионални тренери од Реал Мадрид кои ќе понудат посебен пристап и методи на обука, велат од ИутеКредит Македонија.


Слично

Поврзани вести