Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИутеКредит ја додели целосната стипендија за постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје

ИутеКредит ја додели целосната стипендија за постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје

Верица Ѓелевска е добитник на целосната стипендија за постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје која ја доделува ИутеКредит Македонија и таа ќе биде постдипломец на Факултетот за Деловна Економија и Организациони науки на насока Финансии и Банкарство.

Благодарение на својот досегашен успех во студиите по економија (насока – финансии и кредит) на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ и квалитетниот есеј на тема The Impact of New Technologies in Finance and Banking успеа да се издвои и да биде избрана за добитник на целосна стипендија за постдипломски студии на УАЦС.

За Верица квалитетното образование е нешто бесценето, а кога имате мотивација, упорност и посветеност не постои предизвик којшто не може да биде совладан, особено кога се работи за сопствениот развој.

На Верица и посакуваме успешна студиска година, а на тековните и идни студенти им порачуваме редовно да ги следат каналите за комуникација ан ИутеКредит Македонија за да бидат во тек со сите идни можности за стипендирање. 

Слично

Поврзани вести