Италијанците донираат пари за Природонаучниот музеј на Македонија
Директорот на НУ Природонаучен музеј на Македонија - Скопје Исмет Мехмети и Луциано Алиеви од италијанската фирма за унапредување на животната средина и третирање на отпад „Џетро Енвиронментал“ денеска ќе потпишат договор за парична донација на Музејот.
Добиените средства од италијанската компанија ќе бидат искористени за унапредување на основната дејност на Музејот.
На потпишувањето на договорот ќе присуствува и директорот на Природонаучниот музеј од Милано Џовани Пазини заради продлабочување на соработката меѓу двете институции.
Слично
