Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијанскиот џелато на менито во ресторан Хотел Руссиа

Италијанскиот џелато на менито во ресторан Хотел Руссиа
Не е само сладолед, тоа е „џелато“... gelato „Џелато“ е италијански збор за сладолед кој потекнува од латинскиот збор "gelātus" кој значи замрзнато. Историски гледано „џелато“ се појавува на банкетите на фамилијата Медичи од Фиренца. Бернардо Буонталенти, архитект од Фиренца, се мисли дека го измислил модерниот сладолед во 1565 година кога и ги претставил својот рецепт и своите иновативни техники за замрзнување. Сепак, популарноста на „џелато“ помеѓу луѓето се зголемила во 1920те и 1930те во италијанскиот град Варесе, каде што била создадена првата приколка за „џелато“. helados-palmira-la-bodega-del-helado Италија е единствената земја во која уделот на пазарот на домашно направениот „џелато“ наспроти идустрискиот, е преку 55%. Зависно од рецептот, млечниот „џелато“ содржи од 16-24% шеќер. По правило, мора да содржи најмалку 3,5% маст од путер. 20611154-Scoops-of-ice-cream-in-a-waffle-basket-Stock-Photo-gelato Ресторанот во Хотел Руссиа со прекрасната летна тераса не е само уште едно место за јадење, туку и место каде штo ќе уживате во најбараниот летен деликатес. Почувствувајте го гостопримството и позитивната енергија на ресторанот во Хотел „Руссиа“ и задоволете ги Вашите сетила со најпосакуваниот ладен десерт – „џелато“.  
Слично

Поврзани вести