Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТРАЖУВАЊЕ: Што се случува кога пуштите по една кутија цигари на ден?

ИСТРАЖУВАЊЕ: Што се случува кога пуштите по една кутија цигари на ден?

Пушењето една кутија цигари на ден предизвикува 150  мутации во секоја ќелија на белите дробови, покажува истражување. 

Научниците откриле дека пушењето на една кутија цигари на ден може да предизвика оштетување и 150 промени на белите дробови кај пушачот 

Откритијата доаѓаат од една студија за катастрофално генетско оштетување, или мутации, предизвикани од пушењето во различни органи во телото.

Ова е објавено во списанието Science во четвртокот, а истражувачите истакнуваат дека резултатите покажуваат директна врска помеѓу бројот на испушени цигари во текот на животот, и бројот на мутации во ДНК на канцерогените тумори.

Највисока стапка на мутација е забележана во случаи на рак на белите дробови, но и тумори во другите делови на телото, вклучувајќи го и мочниот меур, црниот дроб и грлото.  Ова објаснува зошто пушењето предизвикува многу други видови на рак покрај рак на белите дробови.

Пушењето убива шест милиони луѓе годишно во светот и, ако продолжи сегашниот тренд, Светската здравствена организација предвидува повеќе од 1 милијарда смртни случаи поврзани со пушењето. 

Ракот е предизвикан од мутации во ДНК на клетката. Пушењето е поврзано со најмалку 17 видови на рак, но досега научниците немаа јасни механизми за многу од нив.

Људмил Александров од Националната лабораторија Лос Аламос во САД, е еден од оние кои вршат истражувања, и објасни дека особено е тешко да се објасни како пушењето го зголемува ризикот од рак во делови од телото кои не доаѓаат во директен контакт со чад.

Оваа студија  анализираше повеќе од 5.000 тумори, споредувајќи рак од пушачите со оние од луѓе кои никогаш не пушеле.

Се покажаа одредени молекуларни отпечатоци од прсти на оштетување на ДНК - наречени мутациони потписи - во ДНК на пушачите. 

Секој мутација е потенцијална почетната точка за „каскада од генетско оштетување", која на крајот може да доведе до рак, велат истражувачите. 

Резултатите исто така покажале дека ако некој пуши една кутија цигари на ден , тоа може да доведе во просек до 97 мутации во секоја клетка во гркланот,  23 за уста, 18 за мочниот меур, и шест мутации во секоја клетка на црниот дроб секоја година.

Мајк Стратон, кој ја водеше работата на Wellcome Trust Sanger Институтот на Велика Британија, рече дека тоа е  како да се копа во археологијата на секој тумор





Слично

Поврзани вести