Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истражување: Телевизијата лошо влијае на говорот кај децата?!

Истражување: Телевизијата лошо влијае на говорот кај децата?!

Телевизијата може да има негативно влијание врз развојот на говор кај децата, сугерира истражувањето направено на американскиот Универзитет Холинс.

Професионалниот весник: „Journal of Children and Media“ ги објави резултатите проследени со интеракцијата  на 49 родители и нивните деца за на возраст од 12, 24 и 36 месеци во текот на еднострани заеднички игри.

Се покажа дека во ситуациите во кои е вклучен телевизор доаѓа до намалување на бројот на нови реченици и фрази кои родителите ги употребуваат во контакт со децата.

Истражувачите тоа го објаснуваат со фактот дека родителите во таа ситуација се склони да посветат поголемо значење на телевизијата.

Последица може да биде бавен развој на говорот на децата, посебно ако станува збор за телевизиска програма која е наменета за возрасни, додаваат научниците кои препорачуваат децата помали од 2 години воопшто да не гледаат телевизија.

Слично

Поврзани вести