Истражување: Осаменоста го скратува животот
Лицата кои живеат сами имаат пократок очекуван животен век, покажало истражувањето на научниците од Харвард универзитетот кое е спроведено помеѓу испитаници со срцеви болести.
Во научниот магазин „Archives of Internal Medicine“ е наведено дека и претходните студии веќе укажале на поврзаноста на социјалната излоација и поголемиот ризк за срцев удар и слабеење на функциите на имунолошкиот систем.
Во истражувањето учествувале повеже од 44.000 испитаници постари од 45 години.
Во текот на набљудуваниот четиригодишен период, умреле 7,7 одсто од испитаниците кои живееле сами и 5,7 одсто од останатите учесници на истражувањето.
Слично
