ИСТРАЖУВАЊЕ: Зошто шеќерот е поопасен од солта?
Сите овие години го вперувавме прстот во солта и ја сметавме за виновник на проблемите со срцеви болести и висок крвен притисок, но сега се појавуваат докази кои покажуваат дека шеќерот можеби дури е поголем виновник од солта.
Истражувањето чии резултати се објавени во магазинот „Open Heart“ покажува дека луѓето кои внесуваат 10 до 25 посто калории низ шеќерот имаат 30% поголем ризик од кардиоваскуларни болести и последично и смрт. Оние кои внесуваат и поголеми количини на шеќер од споменатите, имаат и двапати поголеми шанси од тоа за смрт од кардиоваскуларни болести.
Организацијата „American Heart Association“ им препорачува на жените да не земаат повеќе од шест лажички шеќер дневно, а на мажите не повеќе од девет лажички. Проблемот е во тоа што и мажите и жените земаат поголеми количини шеќер од препорачаните. Многумина можеби не се ни свесни за овие факти бидејќи шеќерот се крие во разни производи, а луѓето не се ни запознаени со тоа.
