Истражување: Како да реагирате ако ви ги оштетат алиштата на хемиско чистење?!
Во редовните извештаи на Организацијата на потрошувачи на Македонија работилниците за хемиско чистење се една од најпроблематичните во кои често пристигнуваат приговори од незадоволните корисници. Најмногу жалби има за оштетена облека при процесот на чистењето, дали од средствата кои се користат, а се несоодветни за материјалот од кој е напрaвена облеката или пак, купувачите си ги добиле алиштата со физички недостатоци.
Истражувајќи ја оваа тема дојдовме до А.С. од Скопје кој се пожали на висока штета врз неговото одело кое го однел на хемиско чистење во „Пингвин“ пералницата во Рамстор. А.С. ни даде увид во документацијата од која се гледа дека уредно го предал неговото одело, а кога му јавиле дека е готово го примил со голем број на оштетувања, изгореници, насобрано и намалено. Настанатата штета е огромна и долго време се обидувал да добие надоместок, но тоа не му било уважено, се додека заедно со менаџерот на пералницата ја утврдиле состојбата.
Од Организацијата на потрошувачи на Македонија за овој, но и слични вакви случаи ни одговорија дека – „Потрошувачот има право да направи рекламција до давателот на услугата, а доколку истиот не ги исполни очекувањата на потрошувачот, тој може да се обрати до ДПИ – Државен пазарен инспекторат и да побара интервенција односно потапување и проверка на наводите на потрошувачот. Телефонот на ДПИ е 3220547. Исто така консултација може да побара и од правникот на ОПМ. Доколку вие имате било какви слични проблеми може да се обратите на на тел. 3 179 592“ стои во одговорот на ОПМ.
Повеќе за оваа проблематика може да прочитате тука!
