ИСТОРИСКА БЛАМАЖА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - Ливерпул ги прегази Црвените ѓаволи во најголемото дерби на Премиер лигата
Најголемото дерби во Премиер лигата не беше ни блиску до тоа.
Ливерпул го декласираше Манчестер Јунајтед на „Енфилд Роуд“ со резултат 7:0 (1:0) и со тоа ја испиша историјата на меѓусебните игри.
По два гола постигнаа Коди (43 и 70), Дарвин Нуњез (47 и 76) и Мохамед Салах (66 и 83), а еден Роберто Фирмино (88).
Мохамед Салах стана и најдобар стрелец на Ливерпул во дуелите со Јунајтед.
Куриозитет е што Ливерпул упати седум удари кон голот на Јунајтед и што сите седум завршија во мрежата.
Фото: ЕПА
Слично
